Тетово „на точак“: Критична маса 2

Второто организирано возење на велосипеди по улиците на Тетово ќе се случи утре (11 мај), најавуваат организаторите.

Тетово на точак: Критична маса 2

„По успешната извозена прва Критична маса време е свежи и одморни од празниците за уште подобра нова Критична Маса во Тетово. Почетокот е на градскиот плоштад  во 14:00 часот, со што сите заедно ќе покажеме во уште поголем број, дека ни се потребни подобрувања и олеснувања во сообраќајот и користењето на велосипедите како такво средство во нашиот град. Исто така и да апелираме за поставување на велосипедски паркинзи на повеќе места низ општината. Затоа, во Сабота, со вашите велосипеди и нормално насмевки да ја извозиме и оваа Критична Маса“, се вели во повикот на Фејсбук.