Тетовирани порцелански фигури на Jessica Harrison

Како дел од нејзината нова серија скулпторски дела, шкотската уметница Jessica Harrison создава деликатни порцелански фигури кои претставуваат идеализирани жени во балска облека, со една мала разлика од класичните вакви фигури: сите претставени жени имаат „морнарски“ тетоважи на вратот, грбот и рацете.

Тетовирани порцелански фигури на Jessica Harrison

Ова не е нова територија за Harrison, која претходно работеше на многу повознемирувачки дела. Според нејзините зборови, таа ја истражува врската меѓу надворешните и внатрешните делови на човечкото тело:

„Harrison ја истражува кожата како простор во кој телото и светот се поврзуваат. Работејќи на овој подвижен простор меѓу уметникот и гледачот, таа црта на активното тело, во исто време создавајќи и интерпретирајќи ги скулптурите. На овој начин, Harrison повторно го опишува човечкото тело во скулптура преку кожата, нудејќи алтернативен начин на размислување за телото, надвор од бинарната традиција на надвор и внатре“, стои во нејзината уметничка изјава.

Тетовирани порцелански фигури на Jessica Harrison

Делата прикажани овде, заедно со неколку други, ќе бидат на изложба во Galerie L.J. во Париз, како дел од нејзината прва изложба во францускиот главен град, насловена како „FLASH“, , а отворена на 15 мај.

Извор