Тетовчани дискутираа за основање на Национален младински совет

Тетовчани дискутираа за основање на Национален младински советВо просториите на Домот за култура „Иљо Антески – Смок“ во Тетово се одржа јавна дискусија за формирање на Национален младински совет. На дискусијата говореа претставници на невладините организации Младински образовен форум, Младинска Алијанса, Европски центар SN 7, Центар за едукација и развој – Теарце како дел од организациите кои се дел од Иницијативниот одбор за формирање на Националниот младински совет.

Даут Мемети од Европски центар SN 7 ја образложи потребата за формирање  на ова тело. Тој нагласи дека младите во Македонија треба да се  значаен општествен фактор , но не се доволно застапени во општествените процеси. Мемети искакна дека клучни проблеми со кои се соочуваат младите во Македонија се невработеноста, исклученоста од носење на одлуки, апатичноста. Тој нагласи дека Македонија е едниствената земја на Балканот што нема формирано Национален младински совет.

Дона Костуранова од Младински образовен форум ги претстави целите на Националниот младински форум. Целта и мисијата на советот е да ги претставува интересите и потребите на младите како линк со сите чинители. Таа ги објасни условите за членство во советот, организационата структура. Националниот младински совет е чадор организација која ќе ги развива, координира, мониторира младинските политики и младинската работа.

По презентацијата на досегашната работа на Иницијативниот одбор беше развиена дискусија за повеќе прашања поврзани со формирањето на Националниот младински совет, учеството на младите во советот и сл. На дискусијата присуствуваа претставници од невладини организации, средношколци, студенти, локални институции, претставници од средни училишта, подмладоци на политички партии.

Иницијативниот одбор за формирање на Национален младински совет е тело составено од 16 организации формирано  за време на деновите на младинско вмрежување во Дојран.

Целта на јавните дискусии е да пред поширока јавна маса да се слушнат конструктивни предлози  и критики од повеќе засегнати чинители кои ќе бидат вметнати во работата на советот.

 Бобан Костадиновски