Тестирањето во САД покажа дека вакцината „АстраЗенека“ е безбедна за употреба

Резултатите од долгооочеуваното американско тестирање на вакцината „АстраЗенека“, потврдија дека вакцината е безбедна и ефективна, пренесува „БиБиСи“.

Во тестирањето учество зеле 32.000 волонтери од САД, Чиле и Перу. Вакцината се покажала 79 отсто ефективна во стопирањето на коронавирусот и 100 отсто ефективна во превенција на сериозни заболувања.
Вакцината не покажала безбедности проблеми во однос на крвни згрутчувања.

Ваквите резултати се очекува да ја намалат грижата на европските земји кои ја сопреа вакцинацијата со „АстраЗенека“ поради безбедносни причини.

Некои од европските земји ја вратија вакцината во употреба откако европскиот регулатор излезе со извештај според кој вакцината е безбедна и ефективна.

Неколку земји нема да дозволат вакцинирање со „АстраЗенека“ кај лица постари од 65 години поради недостаток на докази.

Скоро една петтина од пријавените 32.000 волонтери биле лица постари од 65 години. Вакцинацијата со „АстраЗенека“ се одвива со две дози, а паузата помеѓу првата и втората доза е четири недели. Сите тестирани лица постари од 65 години немале нуспојави од вакцината.

Стотици илјади лица во Велика Британија секојдневно се вакцинираат со „АстраЗенека“, па бројките од американското тестирање се мали во споредба со британскиот број на вакцинирани со „АстраЗенека“.

Резутатите од тестирањето се од големо значење за САД и треба да ги отстранат досегашните пречки па вакцината во наредните два месеци да биде дозволена од регултарите.

„Овие резултатите се одлични вести и ја покажуваат ефикасноста на вакцината. Резултатите се исти со оние на „Оксфорд. Можеме да очекуваме дека вакцините ќе имаат големо влијание во стопирањето на ширењето на КОВИД-29 кај сите возрасни групи“, изјавил професорот Ендрју Полард, главниот истражувач на оксфордското тестирање.