„Теремин – вокс фантазија“ во Филхармонија

Музичкиот настан „Теремин – вокс фантазија“ ќе се одржи во Филхармонија на 28 април, четврток.

Со почеток во 2о часот, Ива Дамјановски ќе се претстави на теремин, заедно со Маријана Николовска на пијано, Татјана Петрушевска на обоа, Мартин Димитров и Марија Трајковска на виолина, Илза Бафтијари на виола и Паскал Краповски на виолончело.

Во рамки на музичката програма ќе бидат изведени „Фантазија за теремин, обоа, гудачки квартет и пијано“ од Б. Мартину, „Фантазии за теремин и гудачки квартет“ од К. Ајк, „Вудс“, „Оакунар“, „Метса Хаппа“, како и  „Аs we danced we gave substance to shadows“ од  М. Јовановска.