Тепачка во училиште во Струга за време на настанот „Стоп на насилството“

Тепачка во училиште во Струга за време на настанот „Стоп на насилството“Масовна тепачка во која учествувале 12 ученици се случи вчера во дворот на средното училиште „Нико Нестор“ во Струга за време на спроведувањето на проектот „Стоп на насилството“.

Во инцидентот во кој учествувале две групи ученици од Струга и од околните села, нема повредени, информира МВР.

На тепачката и претходела караница, која најверојатно се разгорила поради претходна нетрпеливост помеѓу двете групи. Полицијата веднаш интервенирала и ги разделила разбеснетите ученици со што спречиле помасовна на тепачката.

Инцидентот го потврди и портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димовски. Тој информира дека инцидентот се случил во 13.00 часот и дека во него учествувале 12 ученици. Портпаролот додава дека на информативен разговор во полициската станица во Струга бил повикан еден ученик, за кој се смета дека е организатор на тепачката.

Со име и презиме се знаат сите деца учесници во инцидентот и денес заедно со своите родители ќе бидат повикани на информативен разговор по полициската станица во Струга, вели Димовски.

Иронично, тепачката во “Нико Нестор” се случила за време на средношколскиот хепенинг „Безбедни училишта“ што вчера под мотото „Стоп на насилството“ се спроведе и во Струга. Целта на проектот кој го спроведува МВР е превенција на насилството меѓу младите.

Извор: Вест