Дел од организаторите на иницијативата „За заедничка Македонија“ на разглас пред Собрание повикаа демонстрантите да одат и до другите влезови на Собранието и да ги блокираат.
Во Собранието владее тензичност и неизвесност, особено што се уште внатре се присутни демонстранти, заедно со новинари и пратеници. Во Собранието се заглавени повеќе новинари и немаат можност да излезат и да се движат.
Ситуацијата ексалираше откако на седницата за спикер беше избран Талат Џафери, по што демонстранти од „За заедничка Македонија“ и луѓе во качулки влегоа во Собранието. Неофицијално, повредени се Зоран Заев, Дамјан Манчевски, Максим Димитриевски и Зијадин Села.