Тензично на протестот за Нешковски – демонстрантите со јајца кон Владата

Дел од демонстрантите, за време на протестот  фрлија јајца кон зградата на Владата извикувајќи „Ружна ви е Владата“, револтирани по денешната објавена бомба, со која СДСМ ја обвини власта за прикривање на убиството на Мартин Нешковски.

За време на протестот, голем број граѓани ја прескокнаа оградата пред Владата на чело со семејството на Нешовски и седнаа на скалите извикувајќи „Убијци“,„Оставка“, „Излези Никола“.

Голем дел од знамиња пред Владата беа спуштени на пола копје, во знак на жалост за починатото момче, а еден од полицајците, кој беше дел од кордонот, ја симна својата униформа и се придружи кон толпата. Во моментов, граѓаните извикуваат „Малото диктаторче“, „Кај ви е началникот“ и „Дојдете со нас“ кон полицијата.