Tengger Cavalry, единствениот фолк метал бенд со традиционални монголски звуци

Nature Ganganbaigal, роден и израснат во Пекинг и со монголско потекло, тој денес живее во Њујорк. Од 2009 година започна да го изразува своето наследство преку неговата љубов кон хеви метал, создавајќи уникатна музика преку неговиот бенд Tengger Cavalry. Именуван по древното монголско и турско божество Tengri, бендот го вметнува традиционалното монголско пеење од грло во некој уникатен и хибриден фолк метал.

Првично, проектот го започнал сам пред да навлезе во музичката сцена, но сега со неговиот нов албум „Blood Sacrifice Shaman“, снимена и проширена верзија од негово демо што го направил во 2010 година, се чини дека е подготвен да му го претстави на целиот свет фолк металот од Монголија.

Очигледно вашиот идентитет е многу важен за вас и вашата музика, но како ја добивте идејата да ги споите овие две култури, монголската и метал музика?

Како дете од Кина, израснав со хеви метал, бидејќи го мразев сето тоа комунистичко ср**е. Се уште го мразам и не сакам да се вратам во Кина, не затоа што ја мразам земјата, туку културата. Така што, пораснав слушајќи хеви метал, а потоа растете, се менувате, па од гневно дете станав дете што сака да најде нешто поспокојно. Тогаш се запознав со монголската музика и беше нешто што го допре моето срце, како кога не ја знаете причината, но го сакате тоа. Затоа сакав да проучувам морин хур (монголскa виолина со коњска глава), бидејќи тоа е различно од хеви метал и не е многу агресивно. Но, еден ден слушнав албум на монголски свирач на морин хур, придружен со електрична гитара и тапани и создаде мала искра во мојата глава. Како на пример, зошто не ги спојам овие две работи што ги сакам, бидејќи би можело да звучи моќно. Кога излезе музиката и кога луѓето ми приоѓаа едноставно знаев дека функционира.

Tengger Cavalry започна како соло проект, a потоа станавте бенд, но остатокот од бендот се уште е во Кина. Дали тоа значи дека повторно ќе стане соло проект?

За да биде јасно, јас ги отпуштив сите кинески членови. Засега сите свирки ќе ги правиме со моите американски членови. Немам никаква поврзаност со кинеските членови сега. Дури и кога бев во Кина, се чувствував како да не беа со мене, ми требаа луѓе кои ќе бидат повеќе заинтересирани за бендот на професионален начин. Но, откако сум овде се е многу појасно. Всушност, не им кажав дека ги отпуштив, само реков ‘Момци, ќе имам еден куп нови американски дечки’, но тие се толку зафатени со нивните животи, така што би требало да сфатат што се случува“.

Вие сте најверојатно единствениот фолк метал бенд од Монголија во светот. Што според вас ги привлекува луѓето кон вашата музика?

Мислам дека најпрво е самиот звук. Мислам дека повеќето луѓе првично се грижат за музиката. Некои од нив ми кажаа дека едноставно има смисла, други пак велат дека не ни знаеле дека е монголска музика. Тие никогаш не слушнале за оваа култура и не знаат за инструментот моринхур, но кога ја слушнаа нашата музика, можеа да си замислат воин како јава наоколу, така што можеа да ја сфатат целата култура во една секунда без да читаат книги. Мислам дека тоа е причината зошто повеќе луѓе ја сакаат, бидејќи музиката може да ја визуелизира културата. Исто така, метал звуците се навистина моќни, бидејќи израснав со најдобрите метал бендови.

Кои се твоите очекувања од бендот? Кон што води ова?

Сакам ова да води кон две нешта. Прво, сакам да свириме на што е можно повеќе големи фестивали за метал музика, но исто сакам да свириме во што е можно повеќе локални барови. Мислам дека двете насоки ќе го прикажат бендот најдобро што може.

Целото интервју може да го прочитате овде.