„Темпера“ утре ќе одржи концерт во „Станица 26“  

Во ноќниот клуб „Станица 26“, утревечер (18 април), со почеток во 21 часот ќе се одржи концерт на македонската група „Темпера“.

Како што најавува организаторот 3Гонга, се работи за скопски бенд кој создава енергична музика и одлично функционира во живо членуваат музичари. Тие зад себе имаат сериозен професионален багаж како Мите Димовски на тапани, Ѓоле Максимовски на бас, Драган Гиновски на гитара и вокалистката со разорен глас, Тања Тас.

„Темпера создава музика полна со енергија и емоции. Песните се создаваат постепено со секој тон, збор, со секој риф, идеја… Тие се дефинираат, вообличуваат од нас како глината под прстите на вајарот. Звукот на нашата музика е рефлексија, сублимат на нашите личности, кои некако се поврзуваат низ неа, прават целина. Целина која е составена од нашата експресија, збир на нашите искуства, интереси… Од латински ‘темпераре’ – значи да се измеша, да се добие ‘нешто’ од елементи во одредена пропорција или вистинска мерка како вистински сооднос на квалитети кои образуваат, создаваат уникатна целина со сопствен живот, мирис, пулс… како детето, како билките, како ние самите, како светов околу нас… како и се што произлегува од секој од нас“, велат членовите на бендот.

Тие ветуваат одлична свирка на која ќе ги отсвират песните од нивниот албум „Играј“.