Тело без право на глас: Жена = секс + репродукција

Креативноста и уметничката идеја не се категории на кои треба да им се суди за борба за човековите права. Сепак, јасно пренесената порака низ визуелна форма и/или просторна интервенција, некои активистички акции ги издвојува од другите. Таква е и неодамнешната акција на анонимната шпанска уметничка дружина Luz Interruptus, позната по светлосните инсталации со кои укажува на проблемите во градот, а во оваа прилика допре во сржта на проблемите со предлогот за новиот закон за абортус.

1

Законот во Шпанија сака да го протурка владејачката Народна партија, и покрај фактот дека за тоа немаат поддршка ниту од 70%-80% од шпанскиот народ, под изговор за одбрана на основните права на живот. Aбортусoт би станал илегален, освен во случаите на силување или тешки здравствени последици по бременоста на мајката, потврдени најмалку од двајца доктори. Ако се усвои законот, жените во Шпанија би го изгубиле правото самите да одлучуваат за своето тело, па и судбина, а многу активисти и борци за човекови права гледаат на тоа како на сведување на жената на тело, кое станува само објект над кој се врши нечија туѓа волја.

2

На политичкото објективизирање на женското тело и одземањето на правото на глас на жената, уметничката дружина Luz Interruptus јасно укажа со својата урбана интервенција. Тие набавија пластични кукли на надувување од секс-шоп, вградија светла во нив и устата им ја залепија со селотејп. Многу млитави женски тела, од чии усти не може да излезе глас, беа поставени на улицата пред Министерството за правда во Мадрид, како предупредување на последиците од таквиот закон. Призрачниот приказ ја отелотворува неблагородната положба на жената во патријахалното општество, каде нејзината улога е сведена на сексуален објект и репродуктивен орган – положбата која ја заговара ваквиот предлог за законот за абортус.

3

4

Извор: Окно/Pogledaj.to