Телескопот „Кеплер“ откри 104 нови планети, на четири од нив можеби има живот

Вселенскиот телескоп „Кеплер“ идентификуваше 104 нови планети надвор од нашата галаксија, а меѓу нив 4 би можеле да бидат подобни за живот. Научниците од НАСА велат дека четирите планети се со големина колку Земјата и орбитираат околу една џуџеста ѕвезда.

Спореднив, две од планетите веројатно се премногу топли за да постои услови за живот на нив како на Земјата, додека на другите две веројатно постои вода во течна состојба, како на нашата планета.

Со ова откритие, бројката на познати егзопланети се зголеми на 2 492, од кои на 25 би можело да постои живот.

Меѓу нив, 104 четири планети орбитираат околу ѕвездата К2-72 и се од видот карпести планети, исто како и планетата Земја. Ѕвездата К2-72 се наоѓа на 181 светлосна година од нашиот сончев систем и припаѓа на соѕвездието Водолија. Таа е ѕвезда од М-категорија („црвени џуџести ѕвезди“), во којашто спаѓаат околу една четвртина од досега откриените ѕвезди.