„Телемама“ со ново издание „Прага“

Драгана Заревска алијас „Телемама“ го објави своето ново ЕП наречено „Прага“ (Prague), кое е правено со Бранко Аврамовски (музика, инструменти, аранжман).

Прага“ се состои од четири песни, а во втората учестуваат и Мехди Маснауи-Роти и Каи Гранаас. За миксот и мастерот беше задолжен Дени Крстев во студиото „1060“.

Иницијалниот план на „Телемама“ беше да свири интимни акустични концерти за своите пријатели, но низ годините можевме да ја видиме и во различни варијанти – со спотови, разни изданија, но и со настап како на тој во „Engage kicks & gigs“ на Радио МОФ.

Нејзиниот деби албум „Мис Слобода“ беше објавен на 13 јуни, 2015 од „Ако никој не свири“.

Меѓу другото, нејзина музика стоеше во компилацијата „Некои девојки“ составена од женски артисти, а имаше и заеднички „Краток албум за двајца“ со „Пиколомони“ (Давид Ангелевски) за независниот издавач „Шарла“.