Телеграм го промени емотиконот за белоруското знаме во знак на солидарност со демонстрантите

Апликацијата Телеграм е во центарот на протестното движење во Белорусија, а платформата неодамна го промени емотиконот за белоруското знаме, пишува „Еуроњуз“.

Протестите против владеењето на авторитарниот лидер Александар Лукашенко започнаа по спорните избори во земјата на 9 август. Официјалниот резултат кој му овозможи шестти мандат на актуелниот претседател, беше отфрлен од опозициските кандидати и од Европската унија.

https://twitter.com/miniprodavec/status/1298252284757856259?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1298255899371474944%7Ctwgr%5E&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.euronews.com%2F2020%2F08%2F26%2Ftelegram-changes-emoji-of-belarus-flag-in-solidarity-with-protesters-thecube

Протестното движење исто така го „отфрли“ официјалното знаме на земјата, првично усвоено во времето на Советскиот сојуз, кое Лукашенко го врати во 90-тите години. Одлуката на Телеграм да ја отслика оваа промена, многумина од движењето ја сметаат за многу значајна.

Бело-црвено-белото знаме пак, стана симбол на пркос. Неговите корени се протегаат непосредно по завршувањето на Првата светска војна, но не беше усвоено како официјално знаме на земјата се до раните 90-ти.

Но, претседателот Лукашенко го промени тоа, по неговото доаѓање на власт.

„Историски, нема судир меѓу овие знамиња. Поради диктатурата на Александар Лукашенко, црвено-зеленото знаме сега е силно поврзано со репресија, тортура и полициско насилство. Многу луѓе не сакаат да го носат ова знаме на протестите, затоа што изгледа многу негативно. Па, луѓето се свртеа кон бело-црвено-белото знаме. Апликацијата ја направи оваа промена во солидарност со Белорусите. И мислам дека повеќето Белоруси ја примија пораката позитино“, вели новинарот Франак Виачорка за „Еуроњуз“.