„Текстил-и-јад-а 3“ во Штип од 11 до 13 октомври

Текстилијадата оваа година ќе се оддржи по трети пат од 11 до 13 октомври 2019 во Штип.

Насловот на „Текстил-и-јад-а 3“ е „Позитивни примери од регионот – синдикати, организации и институции здружени за подобри работнички права“.

Организаторот „Гласен текстилец“ потенцира целта е преку културата и уметноста да ја отворат темата на локално и национално ниво, за склучување на партнерства за започнување на социјален дијалог за горливите теми кои ги засегаат сите, најмногу младите и работниците/чките.

„Настаните од социјален и уметнички карактер имаат за цел да поттикнат млади и работници да се вклучат во процесите на одлучување. Преку настаните да им се прикаже на јавноста за потребата од подршка за подобрување на правата на работниците“, велат од „Гласен текстилец“.

Од таму потенцираат дека настаните ќе ги мотивира учесниците да излезат од рамките на сегашната пракса и за започнат да дејствуваат социјално, ангажирано и одговорно. Здружено и сложно да се дејствува за потребните промени.

„Некогаш работниците биле во центарот на културните случувања, а сега се оставени на маргините, културно и социјално отсечени. Овој настан има за цел да ја врати културата и уметноста помеѓу работниците“, објаснува „Гласен текстилец“.

Од таму дополнуваат дека оваа година настанот е осмислен да се прикажат позитивните примери на граѓанските организации од регионот и државите Косово, Албанија и Србија кои започнале процес на соработка заедно со тамошните синдикати и институции.

„Воедно, имаме регионален проблем со слабата синдикализација на работниците и непочитување на работничките права поради, како што велат работниците во нашата земја, изгубената доверба во зборот и институцијата синдикат и нивната функционалност“, стои во најавата за „Текстил-и-јад-а 3“.

Гости на овогодинешната Текстилијада ќе бидат шведските синдикати кои ќе дадат примери и искуства како да се овозможи вистинска заштита на работничките права на нивните работни места преку синдикално организирање на вработените.

Целата агенда за „Текстил-и-јад-а 3“ може да се најде ТУКА.