„Текстил-и-јад-а 2“: Преку културата и уметноста до социјален дијалог  

„Гласен текстилец“ од Штип утре и задутре ја организира „Текстил-и-јад-а 2“, чие овогодишно мото е „Преку културата и уметноста до социјален дијалог“.

„Цел ни е преку културата и уметноста да ја отвориме темата како на локално така и на национално ниво, за склучување на партнерства за отпочнување на социјален дијалог за горливите теми кои не засегаат сите, најмногу младите и работниците/чките“, велат од „Гласен текстилец“.

Програмата на „Текстил-и-јад-а 2“ започнува утре (19 октовмри) од 11 часот. Ќе се одржи панел за иднината на младите и текстуални работници/чки преку социјално претприемништво, а потоа и дискусија „Иднината во нашите очи – Позитивни примери за промени“.

Исто така, за утре е најавена уменичка инсталација промоција на весникот „Текстилец“, изложба на фотографии „Штип (некогаш) текстилен град“ и проекција на студентски филмови. Вечерта е резервирана за забава со младите во К.У.Ц „Текстил“.

Саботната програма почнува во 9 часот со „Што сакам да правам во есен“ – изработка на слики од деца-ученици, а на пладне ќе има панел-дискусија „Културата и младите“. Низ овој ден од викендот ќе се одржи и литературна средба „Мојата иднина…“, изложба на академски слики од Вангел Крстиновски, потоа дебата „Миграција на младите од регионот“ и работилница „Надлежностите на трудовиот инспекторат“.

Дводневната „Текстил-и-јад-а 2“ се затвора со забава со диџеи во „Ирски паб Даблин“.

Целата програма со детали ТУКА.