Технолошки магнати донираа 20 милиони долари да го заштитат општеството од вештачка интелигенција

Основачите на LinkedIn и eBay донираа вкупно 20 милиони долари од своите милијардни богатства, за да финансираат академски истражувања насочени кон обезбедување и заштита од вештачката интелигенција.

Основачот на LinkedIn, Риф Хофман и мрежата Омидјар, филантропска непрофитна организација поставена од основачот на eBay Пјер Омидјар, донираат по 10 милиони долари на Фондот за етика и управување со вештачката интелигенција. Фондот ќе дистрибуира пари на истражувачи кои работат на тешките етички проблеми поврзани со вештачка интелигенција.

„Има итност да се осигураме дека вештачката интелигенција е корисна за општеството и ја минимизира штетата“, вели Хофман. „Носењето одлуки за вештачката интелигенција може да влијае на многу аспекти на нашиот свет – образованието, превозот, здравствената нега, кривичното право и економијата. Сепак, податоците и кодирањето зад овие одлуки се претежно невидливи“.

Конкретните истражувачки области на кои ќе се фокусира фондот не се конечно одредени, но можностите се етички дизајн и зависност од вештачката интелигенција.