Техно журки во најстариот затвор во светот

Во округот на ланкастер, во Велика Британија се наоѓа најстариот затвор на светот каде што наместо затвореници, може да се видат најпознатите светски диџеи. Затворот кој се наоѓа во замокот Ланкастер е претворен во ноќен клуб „A-Wing“, под сомнителни околности, пишуваат светските музички медиуми.

Се претпоставува дека кралицата добила дури 8.5 милиони фунти, од даночните обврзници. Многумина беа незадоволни од ваквиот развој на настаните, пред се службениците од „Prison Officers’ Association“.

„Затворот беше во одлична состојба. Со тие 8,5 милиони фунти можеше да се вложува во затворската инфраструктура. Затворот веднаш е претворен во ноќен клуб, од што може да се заклучи дека немало план тој да се искористи за нешто што е во интерес на јавноста. Единствената цел е правење пари“, велат од Асоцијацијата.

Pete Tong, Camo & Krooked и Rob da Bank се само дел од изведувачите најавени за следната сезона во клубот. Во продолжение погледнете ја трансформацијата од затвор во место за журки: