Техно легенди доаѓаат на EXIT

Техно легенди доаѓаат на EXIT

Визионерите на техното – Jeff Mills, Gregor Tresher и Mathew Jonson ќе настапат на денс-арената на фестивалот EXIТ оваа година. Како што најавуваат организаторите, тројцата мајстори на овој жанр ќе се престават пред повеќе од 20.000 луѓе на еден од највозбудливите простори за забава во Европа.

Техно легенди доаѓаат на EXIT

„Последната вечер од фестивалот, традиционално резервирана за техно звук, Mills, Tresher и  Jonson ќе и ја покажат на публиката мистичната страна на музиката која е инспирирана од вселената и фантазиите за иднината. Како претставници на различни стилови на истата идеологија, во редок заеднички настап ќе изведат музичка демострација на слободниот стил и непокорувањето на трендовите“, велат од EXIT.

Техно легенди доаѓаат на EXIT

Програмата на денс-арената на годинешниот EXIT ветува одлична забава за љубителите на електронската музика. Својот настап на веќе го потврдија Fatboy Slim и Eric Prydz,  како и некои од најактуелните диџеи на независната хаус и техно сцена:  Pan-Pot, Matador, Scuba, Dubfire, Seth Troxler, Dixon, Subb-an, Adam Shelton, Deniz Kurtel.