Техно диџејот The Advent со настап во МКЦ

Таксират Фестивал заедно со промотерската организација Разглас, најавуваат премиерно гостување на Thе Advent, на 25-ти ноември во МКЦ. На настанот, за прв пат зад DJ пултот ќе се соберат балканските техно мајстори, Петар Дундов (Хрватска), Младен Томиќ (БиХ), Speedy (Србија) и Горан Кан (Македонија).

Сиско Фереира (Тhe Advent) својата кариера ја започнува во ’80-тите години на минатиот век и е идеен творец на истоимениот проект The Advent на кој што соработува со Колин МекБин. Како едно од најзначајните имиња на техно сцената, британецот со португалско потекло е редовен гостин на најголемите техно фестивали во светот, а на македонската публика ќе се претстави со Live Act, кој се смета за еден од најдинамичните live техно настапи на денешницата.

Влезниците за овој настан се веќе во продажба, а можете да се купат на сите продажни места на www.mktickets.mk, по цена од 300 денари во претпродажба. Нивната цена на денот на одржувањето на настанот (на врата) ќе биде 400 денари.