TED настан: Дали технологијата може да ги реши најголемите човекови предизвици?

Последниот од серијата шест TED настани под назнаката TEDxSeptemvriskaSesijaSalon ќе биде на тема „Дали технологијата може да ги реши најголемите човекови предизвици?

Целта е да се зборува за поимот технологија и технолошки иновации, социјално (општественото) и бизнис влијанието. Низ дискусија да се наведат примери за развивање на овие сектори во Македонија и во странство, примери за тоа какви се форми на технологија постојат и се имаат развиено во последниве години, каков е овој сектор, кое е влијанието на технологијата врз младите и развојот.

Настанот ќе се оддржи во среда (8 јуни), со почеток од 19 часот во просториите на ФИНКИ, односно во Регионалниот центар за социјални иновации, Барака 1 на ФИНКИ во Скопје. Настанот е независно организиран ТED настан и истиот е лиценциран од страна на TED.

За присуство на настанот, сите заинтересирани е потребно да пополнат апликационен формулар: http://goo.gl/forms/3qKkxq9d8HCTMlHC2

Поддржувачи на настанот се ФИНКИ, Social Innovation Hub, Smart Up – Creating the geeks of tomorrow и Бизнис Академија Смилевски – БАС.