ТЕД: Како се создава „невозможна“ фотографија

„Овде сум за да ги поделам своите фотографии со вас. Дали ова се воопшто фотографии? Бидејќи секако ваква фотографија не можете да ја направите со фотоапарат“, го започнува својот говор за ТЕД, Ерик Јохансон.

ТЕД: Како се создава „невозможна“ фотографија

„Моето интересирање за фотографијата почнува од мои 15 години кога го добив својот прв дигитален фотоапарат.  Како помлад сакав да цртам, но ова беше поинаку бидејќи процесот кај апаратот е поврзан со планирањето. Кога фотографирате, процесот завршува штом го притиснете копчето. Мене ми се чинеше дека фотографирањето е повеќе околу тоа да се најдете во вистинското време на вистинското место.

Мислев дека тоа може да го прави секој, па сакав да создадам нешто поинакво, нешто каде што процесот почнува откако ќе го притиснете копчето. Како фотографијата со градежни зафати на прометен пат. Ова не е нешто што може да го фотографирате, но јас секогаш сакам да изгледа како фотографија. Тоа се фотографии поради кои мора на кратко да размислите во што е трикот.

Како да се направат реални, дали е тоа нешто околу деталите или ботите, дали е трикот во светлото. Што ја создава оваа илузија? На крајот се се сведува на тоа како го гледаме светот и како тоа може да го прикажеме на една дводимензионална површина.“

Во продолжение , може да го погледнете објаснувањето на Јохансон на конференцијата ТЕД за тоа како тој ги создава своите дела: