Театроск – победник на натпреварот за живи статуи на фестивалот Зигет 2018

Здружението на граѓани Театроск оваа година настапуваше на Зигет фестивалот, кој се оддржа во Будимпешта и е еден од најголемите музички фестивали во Европа.

Театроск настапи со својот акт „Контрабас“ и го освои првото место од гласањето на публиката на интернационалниот натпревар за живи статуи кој беше дел од овој фестивал.

„Со освојувањето на оваа награда, се пласиравме директно во светското првенство за живи статуи за 2019 година  кое се оддржува во Архем, Холандија“, информираат од здружението.

Театроск е единствено здружение во Македонија кое се занимава со пантомима и  живи статуи. Со години, ја претставува Македонија на најреномираните интернационални улични уметнички фестивали ширум Европа.