„Театарски маратон“ на ФДУ по повод Светскиот ден на театарот

На Факултетот за драмски уметности денеска со почеток во 12:00 часот, ќе започне одбележувањето на Светскиот ден на театарот со повеќечасовна театарска и музичка програма.

„Театарот е една од најсуптилните, но динамични уметности кои преку глумата на талентираните актери, пренесува најразлични чувства и емоции кои авторот сака побликата да ги почуствува, да се соживее и конечно да го добие максималното чувство на прочистување – катарза. Ние годинава ќе се погрижиме за вашето уметничко прочистување заедно со нашите колеги од останатите уметнички факултети, од ликовна, музичка академија и архитектура“, стои во најавата за настанот. 

Во продолжение, погледнете ја целата програма за „Театарскиот маратон“: