„Театарски џумбус“ во Тетово на 6 јуни

Театарска претстава со наслов „Театарски џумбус“ ќе се одржи на 6 јуни во Тетово, во режија на младиот Игор Томески. Станува збор за претстава која на интересен начин ги претставува проблемите со кои се среќаваат младите во Тетово, но и во целата држава.

Во претставата настапуваат околу 30 млади актери, а на голем дел од нив ова им е прв настап на театарските штици. Режисерот Томески зад себе има долго театарско искуство во исти или слични проекти.

Погледнете повеќе за овој несекојдневен младински театарски потфат во прилогот на тетовската телевизија Ултра: