Театарска претстава „Приказната на големиот господар“ во Тетово

„Приказната на големиот господар“ е драмска претстава која сака да ја прикаже реалноста на животот во современото општество и да ги потенцира нормите и вредностите кои луѓето ги занемаруваат.

„Претставата е метафора која на саркастичен и ироничен начин го претставува губењето на моралот, апсурдноста, бруталноста, малограѓанштината, апатијата и оттуѓеноста од општеството. Важен елемент во оваа претстава е бегањето од слободата и стравот од ослободување на самиот себе како човечко битие“, вели aвторот на текстот Небојша Стојаноски.

Актерската екипа ја сочинуваат дваесетина актери. Режисер  е Марко Богдановски.

Премиерата е вечерва (30 април) со почеток во 19:30 во центарот за култура „Иљо Антески Смок“ во Тетово.

Глигор Кондовски