Театарска перформанс презентација „Анти-стрес платформа“ денес во „Котур“

Во „Котур“ денес од 20 часот ќе се одржи „Анти-стрес платформа“, театарска перформанс презентација најавена како „нов провокативен и субверзивен пристап кон современиот начин на живот и медиокритетскиот менталитет – кратко, јасно и мрзливo“.

Режијата е на Ненад Шарла Алексовски, а играат Ивица Димитријевиќ и Жарко Јовановиќ.

По завршувањето на перформансот продолжуваме со музичка селекција на Димитријевиќ.