Театарот за деца и младинци вo недела ќе гостува во Прага со претставата „Македонска приказна“, која ќе биде изведена во „Театар Минарет“.
Со оваа претстава Театарот за деца и младинци во 2012 година настапи и во Стокхолм, по повод две децении од шведско-македонските дипломатски односи.
– „Македонска приказна“ е вистински репрезент на нашиот театар и нашата држава, а тоа го потврдуваат деветте меѓународни награди што оваа претстава ги има освоено на интернационални фестивали во регионот и пошироко, соопшти Театарот за деца и младинци.
Режисер на претставата е Боњо Лунгов, а во актерската екипа се Татјана Павловска-Кочовска, Ана Левајковиќ-Бошков, Катарина Илиевска-Силјановска, Владимир Лазовски и Предраг Павловски.