Теарце: Излезноста до 13 часот изнесува 35,29 отсто, значително поголема од претходните избори

Вкупно 252 гласачи го оствариле своето право на глас во Теарце, или 35,29 отсто, соопшти Државната изборна комисија.

Излезноста е поголема отколку на 11 декември, односно за 10 отсто повеќе гласачи, велат од ДИК.

Жителите на Теарце гласаат во просториите на основното училиште „Кирил Пејчиновиќ“, каде според набљудувачите атмосферата е мирна, а гласањето се одвива во најдобар ред, освен малите проблеми со УВ ламбите поради што гласањето беше прекинато 15-тина минути.

На гласачкото место има набљудувачи од политички партии и од невладини организации, а се забележува зголемено присуство на припадници на полицијата и на медиуми. Покрај нив, на гласачкото место се појавија и претставници на Државната изборна комисија.