Татко и ученик се степале со професори во средно училиште

Масовна тепачка се случила денеска во ДСУ „Владо Тасевски“ откако еден ученик, заедно со неговиот татко и чичко нападнале професор, информираат од МВР.

Од училиштето во полицијата е пријавено дека ученик од четврта година излегол од час и се пожалил на обезбедувањето дека класниот раководител физички го нападнал. По кратко време, во училиштето дошле таткото и чичкото и прво вербално, па потоа физички го нападнале професорот.

Настанала голема тепачка меѓу ученикот и неговите роднини од една страна, и професорот и уште неколку други професори од друга страна. Според МВР, на повреди се пожалиле таткото и роднината на ученикот. Во тепачката реагирало и обезбедувањето на училиштето кое ги раздвоило учесниците.

Од МВР потенцираат дека тепачката не е на меѓуетничка основа и велат дека истрагата за инцидентот е во тек.