Танцување во Американското катче со Battery Dance Company

Американското Катче во Скопје објавува повик за млади кои се заинтересирани за модерни танци кои досега немале можност да научат да танцуваат и да настапуваат на сцена. Овие млади луѓе ќе имаат можност да бидат дел од еден голем настан кој ќе се случува од 8 до 13 април во Скопје. Настанот вклучува посета на позната танцувачка група на САД-Battery Dance Company кои 5 дена ќе одржуваат 4 часовни работилници за танцување и на крај ќе имаат можност да настапуваат делејќи ја сцената со оваа позната танцувачка група.

Battery Dance company настапува на светската сцена , подучува и го промовира танцувањето.Тие се посветени на потрагата по уметноста и веруваат на достапноста на истата кон сите луѓе.

За сите кои се заинтересирани да се пријават, апликацијата може да се најде на нашата фејсбук страница: American Corner Skopje или директно на  следниов линк.