„Танц фест“ во копродукција со Македонскиот народен театар во понеделник (9 ноември), со почеток во 20 часот, го најавува настапот на танцовиот спектакл „Конфучие“.
Кинеската национална опера и Театар за танцова драма, Пекинг Кинеската национална опера и Театарот за танцова драма, е најголемиот Национален театар во Кина, со најдолга историја, кој работи со поддршка на кинеското Министерството за култура. Компанијата има широк спектар на различни театарски перформанси, а во неа работат повеќе ансамбли: оперски, танцов и ансамбл за народна музика, симфониски оркестар, креативно студио и оддел за сценски дизајн. Театарот е воспоставен во 1951 г., како наследник на „Јан’ан Лу Ксун“ колеџот за уметност, во тоа време предводен од познатиот уметник Зоу Вејзи. Актуелен директор е Тао Ченг, доктор по музикологија.
Една од најуспешните претстави на театарот е грандиозниот музичко-танцов еп „Истокот е Црвен“ од 1964 година, по кој песната „Наниван“ отпеана од Гуо Ланјинг, останува во меморијата на кинескиот народ со генерации. Во изминатите педесетина години, театарот има продуцирано повеќе од 100 опери и танцови драми, кои оставаат белег во историјата на кинеската опера и танцова драма, и стануваат симбол во кинеската театарска уметност. Во последните години, театарот продуцира низа претстави, со исклучителен квалитет како „Долината на црвената река“ – опера; „Конфучие“ – танцова драма; „Шармот на сезоните“, желби од рајот“, „Карневал на патот“ – музичко танцови перформанси, кои често патуваат низ светот.
Конфучие, е филозоф, просветител и политичар, наречен големиот прв учител, од периодот на Пролет и Есен, (722 п.н.е -481 п.н.е.). Неговото учење, наречено конфучијанизам, го претставува јадрото на кинеската култура. Како еден од десетте најголеми историски фигури во светот, има длабоко влијание на општеството на светско ниво. Оваа танцова драма го претставува патот на Конфучие, исполнет со фрустрација, во кој соништата не се остваруваат; тоа е приказна за едно хаотично време. Управителите – војводите на државите се со заматени глави, се оддаваат на разврат во друштво на убави жени. Тие, бараат од Конфучие совет за тоа како да ги водат териториите, но остануваат глуви на неговите предлози. Службениците, итри и егоцентрични, постојано сплеткарат еден против друг. Конфучие се труди да внесе промени, предлага да се популаризира разбирањето и добродушноста, но не успева да ја смени ситуацијата. Вмешан, без да сака, во интрига, приморан е да бега пред судот. Во бурата на глад и опасност, тој, сонува за идеалот на еден свет во склад. Војните продолжуваат, луѓето остануваат бездомници, а божествените бадемови шуми се претворени во воено поле. Во слепиот мрак, на тажниот пат накај дома, Јулан, песната на орхидејата, станува Ода на храброста, а светата Доктрина се шири низ светот.