„Танц на рацете“ – изложба на Сергеј Андреевски

Во галеријата „Акантус“ во сабота (14 октомври) ќе биде отворена самостојната изложба „Танц на рацете“ на академскиот сликар Сергеј Андреевски.

Марина Лешкова, куратор на оваа изложба, вели дека пред нас се делата на Сергеј Андреевски кои ја носат пресудната улога во неговото творештво, а тоа се доживеаните спомени од детството.

„Во сликите целиот опус се нанижува во една логична нитка, матрица пренесена од неговите древни претци на македонското поднебје. Каде и да е тој е дома, сликите се неговиот дом“, вели Андреевски.