Танц фест со програма и за најмалите

Во тек е програма наменета за најмладите танчери во рамки на јубилејното издание на Танц Фест, која ќе трае до 21 април.

Во неа учестуваат танчери од Новиот танцов центар од Хаг и РИЦ од Скопје. Младите танчери, на возраст помеѓу 8 и 14 години ќе работат со професорите Џоан ван дер Маст, Дејвид Мидендорп и Анастасија Данчевска. На 21 април, во 13 часот на Сцената Зебра, тие ќе имаат јавен настап на кој ќе ги прикажат подготвентие програми, како и заедничката кореографија.

Танц фест во сабота на 20 април, има настан во Сектор 909,  вечер на „Адријана Данчевска и Скопје танцовиот театар“.

Програмата на Јубилејното издание на Танц фест 2019, под мотото „Идентитети што ен смеат да се пропуштат!“ завршува во вторник, 23 април, во македонскиот народен театар со претставата „Секвенци- Минато, Сегашност, Иднина“ и гостување на кинески танчери на ЗЈЦМ од Ханџо, Кина.