„Така му било пишано“ – нова соработка меѓу Кацар и „Аномалија натива“

Продолжува соработката меѓу Кацар (Токсиколози) и дуото „Аномалија натива“. Револт, гнев и фрустрација од транзицијата е дел од темите кои се обработени во новата песна со наслов „Така му било пишано“.

„Така му било пишано“ - нова соработка меѓу Кацар и „Аномалија натива“

Кацар го претставува гласот на генерацијата која без избор се бори со проблемите префрлени од своите претходници.Текстот на Кацар, музиката и аранжманот од алтернативното дуо „Аномалија натива“ и семплуваниот вокал на легендарната оперска певица Милка Ефтимова составуваат дело кое вреди да се слушне со потполно внимание.

Извор: Хитпортал