Парламентот на Тајван го одобри нацрт-законот со кој се забранува колење на мачки и кучиња за човечка исхрана.
Предлог-законот, исто така, им забранува на лицата со автомобил или мотор да ги влечат нивните миленици додека патуваат со нив.
Секој што ќе биде фатен како го крши законот, ќе се соочи со голема парична казна, или казна до две години затвор, а нивните имиња и фотографии ќе бидат објавени јавно.
Овие мерки се воведуваат со цел да се подобрат законите за заштита на животните во земјата.
Овој потег е пресвртница во измените на Законот за заштита на животните во Тајван, и е прв од ваков вид во Азија.
Во 2001 година, Тајван донесе закон за забрана на продажба на месо и крзно од миленичиња како мачки и кучиња за „економски цели”.
Кучешкото месо некогаш редовно се консумираше на островот, но сега, животното е поверојатно да се смета за член на семејството.
Минатата година, тајванската претседателка Цаи Инг-вен посвои три пензионирани кучиња водичи, кои живеат заедно со нејзините две мачки, Куко и Ацаи.