Тајни рејвови се прават низ Лондон во време на коронавирус

Стотици луѓе присуствуваа на три целовечерни рејвови во Лондон, иако правилата за социјално дистанцирање и владини регулативи јасно забрануваат организирање на вакви настани во Британија, поради пандемијата на новиот коронавирус.

Би Би Си Радио 5 ги истражуваше најавите за овие забави споделувани на приватна страница на Инстаграм.

Полицијата соопшти дека присуствувала на две забави, но не биле извршени апсења.

Организаторите пак велат дека рејвовите се  заедница на луѓе кои вежбаат на хаус музика, при што се одржувало социјално растојание.

Претставувајќи како рејвер, новинарот на БиБиСи побара да ја следи Инстаграм страницата. Откако барањето беше прифатено, следела покана на тајна група на WhatsApp каде стојат информации каде ќе се одржи следниот рејв. Кога ќе се купи билет преку банкарски трансфер, организаторите испраќаат слика на  која се наоѓа тајната локација за настанот.

Би Би Си пишува дека најмалку три рејва се одржани минатиот месец во поранешна деловна просторија во Лејтонстон, а новинарите виделе и видео снимки од некои од овие настани. Тие покажуваат голем број на луѓе во рамките на место кое собира до 300 луѓе.

Организаторите велат дека помеѓу 70 и 100 луѓе присуствувале на секој настан, но тврдат дека само половина од нив биле во исто време, па луѓето можеле да запазат дистанца. Но, на снимките за кои сведочат новинарите од БиБиСи, рејверите се забавуваат заедно.

Според најновите упатства за Англија донесени поради коронавирусот, групи од најмногу шест лица од различни домаќинства можат да се сретнат надвор сè додека остануваат оддалечени 2 метри.

БиБиСи, исто така, сведочи за текстуална порака од организаторите во која признаваат дека настаните не се легални.

Во април, истите организатори стојат зад виртуелен настан за собирање пари за опрема за здравствените работници. На веб-постерот стои и владиниот слоган: „Остани дома, заштити ги здравствените работници, спаси животи“.

БиБиСи откри дека перидот што следува се планирани повеќе вакви рејвови.

Организаторите порачуваат дека забавите не с еправат за профит и дека ќе спроведат мерки за безбедност, како што е заштитна опрема за персоналот и мерење температурата на присутните пред да им се дозволи влез.

Дури и со овие чекори, вакви настани во моментот во Англија не се дозволени. Полицијата веќе интервенираше во неколку наврати кога стотици лица присуствуваат на улични забави низ Лондон.