Тајланд ги забрани пластичните кеси поттикнувајќи ги граѓаните да најдат креативни алтернативи

И парчиња облека, корпи, мрежи за риболов и вреќи… може да послужат за пренос на намирниците од продавница до дома. Луѓето во Тајланд ја покажаа својата креативност откако на 1 јануари стапи на сила забраната за купување во пластични кеси кај одредени трговци во земјата, пишува The Verge.

Властите веќе не им дозволуваат на поголемите продавници да им нудат на купувачите пластични кеси за еднократна употреба, а до 2021 година нема да биде дозволено во ниту еден дуќан.

Овој потег ги инспирираше граѓаните да ги користат секојдневните предмети во домаќинството. Фотографии на кои е прикажана нивната креативност ги преплавија социјалните мрежи.

Покрај Тајланд, и Мексико Сити ја започна Новата година со нова забрана за пластични кеси. Таму, законот се очекува да ги врати традиционалните начини на пакување и пренос на добра.