Табуа: Ајде да зборуваме за самоубиствата

Табуа: Ајде да зборуваме за самоубистватаСподелувањето на приказната за мојот пријател Џон беше мојот прв обид да започнам дискусија за табуата поврзани со самоубиството, конкретно за обидот да се врати личноста во нормала избирајќи го животот. Тоа го привлече вниманието на половина милион луѓе, го започнува својот говор Џ.Д. Шрам.

Дискусијата беше преведена на 39 јазици и беше прикажувана на повеќе  „TED“ настани низ светот. Шрам објаснува  дека мора да им се помогне на оние кои што пробале да се самоубијат, но не успеале и решиле да си го повратат животот што го имале.

Еве што тој вели во својот говор:

Да се совлада тишината не е настан, туку е процес. Низ стотиците мејлови и илјадниците коментари на различни вебсајтови, јасно е дека постојат некои кои го преживеале обидот и многупати се решиле да ја совладаат тишината и да зборуваат за тоа. Додека, постојат и такви кои не го прават тоа, па живеат во тишина откако имале лошо искуство споделувајќи го со некој.

Тешките прашања немаат лесни одговори. Јас сум лаик кога станува збор за способност за лечење. Се обидувам да започнам разговор, но крај завршувам слушајќи (или почесто) читајќи додека другите се инспирирани да споделуваат за нивните доживувања. Онаму каде што е можно, јас им ги посочувам на луѓето најдобрите ресурси кои ги знам, но не се чувствувам компетентен за да направам повеќе.

Табуа: Ајде да зборуваме за самоубистватаДискусиите се најважни, но се бавен начин до промена. Во мојот живот, јас бев сведок на самоубиства на неколкумина кои ги сакав и ги познавав. Додека сакав најблиските роднини и пријатели да ги споделат нивните приказни, јас бев немоќен да го започнам тоа. Јас едноставно останав отворен за дискусија, одговорав на секој мејл или покана за разговор и ги советував оние кои се борат да пронајдат или да си изградат сопствена мрежа на слушатели за да започнат дискусија. Мојата емисија можеби започна диксусија, но сега предизвик е како да се продолжи тој дијалог.

Сè уште нема дискусија без разлика колку е моќна и значајна темата, иако тоа не може да ги врати милионите кои веќе сме ги изгубиле преку самоубиство. Саканите на овие жртви имаат желба за разговор и со нашите напори да соработуваме со нив може да придонесе да се спречи следна загуба од самоубиство ако ја совладаме тишината и ги споделуваме нашите доживувања.

За мене, ставањето крај на табуата за самоубиството е идеја која е вредна за да се започне и идеја вредна за споделување.

Превод: Емилија Петреска