„Табернакул“ ги наградува Орхан Памук и Виктор Ерофеев вечерва во Скопје

Писателите Орхан Памук од Турција и Виктор Ерофеев од Русија вечерва во новиот објект на Македонскиот народен театар (20.00) ќе ја примат меѓународната книжевна награда „Табернакул“ за 2013 година.

„Табернакул“ ги наградува Орхан Памук и Виктор Ерофеев вечерва во Скопје

Двајцата писатели ќе ја примат наградата „Табернакул“ која издавачката куќа ја доделува по вторпат. Памук и Ерофеев добиваат златник и скулптура направена од уметникот Горан Стаменков, изгравирани со нивното име, како и парична награда од 5000 евра.

На доделувањето на наградата беседа за нобеловецот Орхан Памук ќе одржи Ферид Мухиќ, по што Памук ќе и се обрати на публиката, а потоа Венко Андоновски ќе одржи беседа за Ерофеев, по што тој ќе се обрати на публиката. Ќе бидат претставени насловите издадени по повод доделувањето на наградата: романите „Акимудија“ и „Руска убавица“ од Ерофеев, како и романот „Немиот дом“ и книгата есеи „Наивниот и сентименталниот романописец“ од Памук.

Влезот на настанот е слободен.