Светската здравствена организација го предупреди светот во однос на пандемијата Ковид-19, дека најлошото би можело допрва да се очекува.
Шефот на СЗО, Тедрос Аданом Габриесус, рече дека вирусот ќе зарази многу повеќе луѓе ако владите не започнат со спроведување на вистинските политики.
Неговата порака останува иста „Тестирање, пронаоѓање, изолација и карантин“.
Повеќе од 10 милиони случаи се регистрирани ширум светот откако коронавирусот се појави во Кина кон крајот на минатата година.
Бројот на пациенти кои починале сега е над 500.000. Половина случаи во светот имало во САД и Европа, но бројката на случаи со Ковид-19 рапидно расте на американскиот континент. Вирусот ги погодува и Јужна Азија и Африка, каде не се очекува да достигне врв до крајот на јули.
Тедрос, на виртуелниот брифинг вчера рече: „Сите ние сакаме ова да заврши. Сите сакаме да продолжиме со нашите животи. Но, тешката реалност е дека ова не е ни приближно готово.“
Тој посочи дека иако многу земји постигнаа одреден напредок, на глобално ниво пандемијата се забрзува.
„Со 10 милиони случаи сега и половина милион смртни случаи, освен ако не ги решиме проблемите што веќе ги идентификувавме во СЗО, недостатокот на национално единство и недостатокот на глобална солидарност и поделениот свет, всушност помагаат да се шири вирусот … најлошото допрва ќе дојде “, рече тој.
„Жал ми е што го кажав тоа, но со вакво опкружување и услови се плашиме од најлошото“.
Тој, исто така, ги повика повеќе влади да ги следат примерите на Германија, Јужна Кореја и Јапонија, кои го контролираа нивното појавување низ политиките што вклучуваат ригорозно тестирање и пронаоѓање.
САД досега имаат пријавено повеќе од 2,5 милиони случаи и околу 126.000 смртни случаи со „Ковид-19“ – повеќе од која било друга нација. Американските држави кои ги ублажија мерките во последните неколку недели, особено на југот, во последните неколку недели известуваат за нагло зголемување на новите инфекции. Ова ги натера официјалните лица во Тексас, Флорида и други држави повторно да ги заострат ограничувањата .
Земја со втор најголем број регистрирани случаи е Бразил, со вкупно 1,3 милиони, а смртни случаи над 57.000. Во понеделникот беше прогласена вонредна состојба во главниот град Бразилија.
Како и повеќето бразилски гувернери и градоначалници, локалните власти во Бразилија ги ублажија ограничувањата на почетокот од овој месец и дозволија отворање на продавниците.