СЗО препорачува луѓето да не носат маски ако не се заразени

Официјалните претставници на Светската здравствена организација не препорачуваат здравите граѓани да носат маски. Ова беше кажано вчера, за време на брифингот со медиуми за информирање за состојбата со Ковид-19.

Од СЗО велат дека маските треба да ги носат оние кои се заразени или оние кои се во близок контакт со нив.

Пораките се разликуваат од земја до земја. Генералниот хирург на САД ја молеше јавноста во февруари да престане да купува маски, додека земји како Јужна Кореја и Јапонија ги дистрибуираа во јавноста. Неодамна Чешка и Словачка дури ги направија задолжителни.

„Луѓето кои се грижат за болните треба да носат маски за да се заштитат себе си и да спречат понатамошно пренесување низ семејната единица. Носењето маски стана критично во овие ситуации, благодарение на затворањата, рече Мајкл Ј. Рајан, главен извршен директор на Програмата за здравствени вонредни состојби на СЗО.

„Во моментов, луѓето со најголем ризик од овој вирус се здравствените работници во првите редови кои се изложени на вирусот секоја секунда од секој ден“, рече Рајан.

Сепак, од СЗО не ги критикуваат земјите што советуваат носење маски. Но, во исто време, организацијата побрза да потенцира дека маските најчесто се злоупотребуваат, и како резултат на тоа нема да ги понудат предвидените заштити.

На пример, носењето маска може да обезбеди погрешно чувство за безбедност, велат експертите, што доведува до тоа некои да станат помалку претпазливи во поважните мерки за хигиена, како што е миењето на рацете. Дополнително, отстранувањето на маска за да не го покрива повеќе носот или допирањето на надворешната страна на маската може да ја направи помалку ефикасна.

Клучно е да запаметиме, велат службените лица на СЗО, е дека коронавирусот се шири преку капки, а не преку воздушен пренос.

Глобалниот недостаток на опрема за лична заштита ја истакна потребата внимателно да се распоредат маските, рече Рајан.

„Помислата дека [здравствените работници] немаат маски е ужасна“, вели тој.

Од СЗО велат дека носењето маска има психолошки и социјални придобивки. На пример, во некои земји, носењето маски помогна да се спречи стигматизирање на заразените. Сепак, тие не препорачуваат секој да носи маска.

„Обично не препорачуваме здравите поединци да носат маски во јавноста бидејќи досега не било поврзано со некаква особена корист“, посочи Рајан.