СЗО предложи намалување на конзумирањето шеќер

Светската здравствена организација (СЗО) неодамна предложи намалување на препорачаното количество на шеќер, кој се внесува преку храната и пијалокот.

СЗО предложи намалување на конзумирањето шеќер

Новата препорака е шеќерот да биде извор на пет отсто енергија во однос на досегашните 10 отсто, што одговара на количество од околу 25 грама шеќер дневно за жените и околу 35 грама за мажите, пишува списанието „Бритиш Медикал Џурнал“.

Откако ги проучиле здравствените последици и финансиските трошоци од уништувањето на забите, научниците од Универзитетот Лондон и Лондонската школа за хигиена и тропска медицина, тврдат дека е потребно дополнително да се намали вредноста на максимално препорачаната дневна доза на шеќер.