Swiss Music Days 2013 во Скопје

Swiss Music Days во СкопјеШвајцарските музичари и годинава нема да го одминат Скопје, а нивните настапи ќе може да се чујат во рамките на Swiss Music Days 2013, односно на двата концерта кои на 12 и на 15 октомври ќе се одржат во Дамар, во Старата скопска чаршија.

Повеќе од една декада експерименталната и импровизирана музика од швајцарската музичка сцена редовно се претставува во регионов преку најразлични настани, фестивали и проекти, како на пример проектот Swiss-Balkan Creative Music на Jonas Kocher, кој два пати се случи и во Скопје.

Како еден вид резиме на сите овие активности, во позначајните балкански центри какоБелград, Загреб, Љубљана, Нови Сад, Скопје и Тирана, за време од десет дена, помеѓу 11 и 19 октомври 2013 година, ќе биде презентиран широк спектар на инвентивни и радикални звучни проекти кој доаѓаат од Швајцарското музичко поднебје.

За 12 октомври е планиран настапот на Kocher-Бadrutt  (Jonas Kocher, армоника / Gaudenz Badrutt, електроника) и Amplidyne Effect(Мартин Георгиевски, гитара, ефекти).

Повеќе од една декада експерименталната и импровизирана музика од швајцарската музичка сцена редовно се претставува во регионов преку најразлични настани, фестивали и проекти, како на пример проектот Swiss-Balkan Creative Music на Jonas Kocher, кој два пати се случи и во Скопје.   Како еден вид резиме на сите овие активности, во позначајните балкански центри какоБелград, Загреб, Љубљана, Нови Сад, Скопје и Тирана, за време од десет дена, помеѓу 11 и 19 октомври 2013 година, ќе биде презентиран широк спектар на инвентивни и радикални звучни проекти кој доаѓаат од Швајцарското музичко поднебје.

Kocher-Бadrutt создаваат импровизирана музика и ја истражуваат врската помеѓу сировиот електронски звук на армониката и инструменталниот потенцијал на електрониката, со цел да создадат суптилен и напнат звучен универзум отворен за случајности и грешки.

Strotter inst. (Christoph Hess, модифицирани Lenco грамофони) и проект Контакт (грамофони, контакт микрофони) пак свој настап во Дамар ќе има на 15 октомври.

Повеќе од една декада експерименталната и импровизирана музика од швајцарската музичка сцена редовно се претставува во регионов преку најразлични настани, фестивали и проекти, како на пример проектот Swiss-Balkan Creative Music на Jonas Kocher, кој два пати се случи и во Скопје.   Како еден вид резиме на сите овие активности, во позначајните балкански центри какоБелград, Загреб, Љубљана, Нови Сад, Скопје и Тирана, за време од десет дена, помеѓу 11 и 19 октомври 2013 година, ќе биде презентиран широк спектар на инвентивни и радикални звучни проекти кој доаѓаат од Швајцарското музичко поднебје.

Strotter inst. ќе презентираат специфичниот звук создаден со користење на пет модифицирани и  Lenco грамофони и различни засечени или изгребани плочи. Првиот впечаток слушателот го добива од самата инсталација, а потоа и звукот започнува да го привлекува вниманието. Аудитивното ниво го надминува визуелното. Музиката варира од low-fi татнеж кој се менува во конкретен звук, проследена со епски дрон делници и повеќеслоен искршен ритам, за да повторно се врати  во длабоко медитативно вибрирање.