Сврти се кон театар – Повик за учесници на четири онлајн работилници

Театарската група „Пресврт“ во рамки на проектот „Сврти се кон театар“ објави повик за учесници на серија од четири онлајн предавања каде присутните ќе имаат можност да се запознаат со основите на театарот, режијата и глумата, како и практично да реализираат вежби за подобрување на својот правоговор, гласовната интерпретација и актерската вештина.

Предавачи на серијалот „Сврти се кон театар“ се актерите Наталија Теодосиева, Дени Стојанов и Ангела Стојановска, како и режисерот Милош Б. Андоновски.

Работилниците започнуваат на 5ти декември и ќе се случуваат по следниот распоред:

05.12.2020 (сабота) Актерски изразни средства: вовед – Милош Б. Андоновски
07.12.2020 (понеделник) Интерпретација и техника на говор – Ангела Стојановска
09.12.2020 (среда) Види го монологот од различни страни – Наталија Теодосиева
10.12.2020 (четврток) – Кога пред публика? – Дени Стојанов

Сите работилници ќе започнат во 19:00 и ќе бидат реализирани преку платформата Zoom. Времетраењето на едно предавање е час и петнаесет минути, а програмата е бесплатна.

Повикот е отворен за сите театарски ентузијасти, со и без актерско искуство, од 16 до 35 години, а рокот за пријавување трае до 3 декември (четврток), 23:59. За пријавување потребно е да се пополни формуларот на следниот ЛИНК.

Повеќе информации за повикот може да прочитате на веб-страната на „Пресврт“.