МВР информира дека Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје во текот на вчерашниот ден (13 јануари) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
„На територија на град Скопје изречени се вкупно 131 меркa, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 49 санкции, седум мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за управување под дејство на алкохол, три санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло…“, информираат од МВР.
Од таму посочуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
„Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, се вели во соопштението.