Свирки, базар на ракотворби и вкусна храна во дворчето на Социјален центар „Дуња“

Утре напладне започнува првиот „Backyard fest“ во Социјалниот центар „Дуња“. Дворчето на центарот ќе биде отворен до 20 часот навечер за посетители кои се заинтересирани да погледнат рачни изработки на група ракотворци, да слушнат добра музика и да вкусат вкусна и здрава храна.

Покрај ова, фестивалот ќе понуди и изложба на фотографии и читање поезија.

Листата на учесници не е затворена, па организаторите ги повикуваат оние кои би сакале да ги изнесат своите производи на ракотворниот базар или сакаат да ја споделат својата музика, песна, слика, фотографија и храна.

Листа на учесници:
Музика:
– Дарко (Man in a suit) – Од 15:30 до 16:30часот.
– Цобе и Даре (Bona dea) – од 16:30 до 17:30
– Minstrel’s Gallery – од 17:30 до 19:00 часот.
– Atelier Quartet – од 19:00 до 20:00 часот.

Изложба:
– Соња Ставрова – Фотографија

Ракотворци:
– Нина Максимова – NM Illustrations
– Стела Антовска – Индиго. – hand made goods
– Пируника Киселички – Indus накит и украси за коса
– Belkıs Aksu – Belkıs Aksu Illustrations
– OrganiCool Soaps
– Стефанија Атанасовски – 5 до 12 (привезоци, накит, слики на платно)
– Ангела Чучкова – Firefly Crafts (накит и плетени модни додатоци)
– Дејана – Foreground totebags (рачно цртани платнени торби, слики)
– Shivač – дизајнирана облека
– Моника Стојановска – Pocket Gallery (накит)
– Илија Ризов – Масла за бради
– Сара Поп Арсова – Fun Done (декорации)
– Ника – Природна козметика
– Емилија Поп-Арсовска – Emily (декорации од рециклирани материјали)
– Мартин Богатиноски – Уметнички подароци БогАрт

Храна:
– Надица – веге кујна и брускети со намази
– Давид Стефановски – Традиционално печен леб – фурна Ридарец
– Cherry top factory