Составот „Каил“ на 13 октомври со концерт ќе го промовира својот втор албум „Going down“.
Концертот ќе се одржи во „Јавна соба“ во Скопје со почеток од 21 часот.
Издавачот „Phoenix music“ потенцира дека албумот наскоро ќе има и светска промоција преку платформата NumberOneMusic, а ќе биде достапен и на сите светски музички платформи за продажба и стриминг, вклучувајќи ги и Apple iTunes, Spotify, Deezer и Google Play.
Инаку, „Каил“ свират алтернативен рок/метал, а членови на бендот се Михаил Наумов, Златко Андоновски, Игор Арсовски, Симеон Ристевски и Владимир Тошевски.