Свирка со „Razgruha“ и „Angza“ во гаражите под Плочник

На 14 септември (сабота) од 20 часот во Скопје, во гаражите под Плочник, ќе се одржи настанот именуван „Incoherent noise“.

На свирката ќе настапуваат составите „Razgruha“ и „Angza“.

„Razgruha“ e грајндкор четворка од Софија, Бугарија, создадени во 2011 година. За прв пат свират во Скопје.

„Angza“, односно „Локалната секта“ имаат прв настап по враќањето од европската турнеја.

Влезот за настанот е 150 денари.