Светско првенство во знаење во „Јахја Кемал“ во Скопје

Светско првенство во знаење што поврзува над 20.000 ученици од 50 земји ширум светот со цел да се инспирираат младите луѓе на љубовта кон учењето и постигнување на нови особини и чувства ќе се одржи денеска и утре во приватното средно училиште „Јахја Кемал” во Скопје.

Учениците ќе учествуваат во четири дисциплини: дебата, тимско пишување, ученички предизвик и пламениот пехар на учениците. Учениците истражуваат различни теми поврзани со историјата, науката, литературата, културата и технологијата.

Денеска ќе учествуваат 519 ученици од основните и средните училишта од Скопје, Велес, Тетово, Струмица, Струга, Гостивар и други општини.

Последниот дел од Светското првенство во знаење и доделување награди ќе се одржи уте во Домот на АРМ.